По најновите настани, „Самсунг“ забележа пад на акциите на светските берзи за осум проценти.
Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг“ соопшти дека го прекинува производството и продажбата на „паметниот“ телефон „Галакси Ноут 7“, по бројните поплаки од корисниците ширум светот за прекумерно загревање на направата.
Компанијата додаде дека чекорот го презема за добро и во интерес на безбедноста на потрошувачите.
„Галакси Ноут 7“ се појави на пазарот на 19-ти август и опстои само еден месец, кога „Самсунг“, порача да се повлечат 2,5 милиони „паметни“ телефони, заради грешки во батериите.
Телефонот беше клучен за развој на компанијата годинава, во време кога заради ривалот „Епл“, има проблеми со продажбата на своите производи.