Самит на САД, Јапонија и Филипини во Белата куќа

Your browser doesn’t support HTML5

Првиот трилатерален самит меѓу официјален Вашингтон и неговите двајца азиски сојузници - Јапонија и Филипини - треба да вклучи низа иницијативи, меѓу кои и зајакнување на трилатералната поморска соработка во Јужното Кинеско Море, голем чекор кон спротивставување на Пекинг.

Со недели, бродовите на кинеската крајбрежна стража стрелаат со водени топови врз филипинските чамци, изведувајќи опасни маневри... и предизвикуваат судири.

Ова е најново разгорување на напнатоста во Јужното Кинеско Море меѓу Пекинг и Манила и ќе биде фокус на Вашингтон на 11-ти април. На самитот меѓу претседателот Џо Бајден и лидерите на двата клучни азиски сојузници, јапонскиот премиер Фумио Кишида и претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос Џуниор.