САД велат дека има докази за севернокорејски војници во Русија

Your browser doesn’t support HTML5

Американските власти велат дека не е јасно дали, кога и како севернокорејските трупи во Русија би можеле да се распоредат во борбата против Украина.

САД велат дека има докази за севернокорејски војници во Русија, еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев дознал дека две севернокорејски воени единици тренираат во Русија за потенцијално војување во Украина. Карла Баб со детали.

Што точно прават тие? Останува да видиме, рече секретарот за одбрана Лојд Остин.

Влијанието на неколкуте илјади севернокорејски војници најверојатно ќе биде мало на бојното поле. Но, политичките импликации? Аналитичарите велат - масивни.

Се чини дека Северна Кореја се движи кон стратешкото партнерство со Русија, кое обезбедува оружје. Ја надградува врската во нешто поблиску од сојузништво, изјави експертот од Советот за надворешни односи во Вашингтон, Чарлс Купчан.

Белата куќа изрази загриженост за, како што ја нарече, непромислена и опасна одбранбена врска.

Не сме загрижени за влијанието врз војната во Украина, туку и за влијанието, што би можело да го има во Индо-пацификот, при што Ким Џонг Ун до одреден степен има корист, изјави Џон Кирби, портпарол во Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби рече дека Вашингтон ќе бара одговори од Пекинг за неговите перспективи и да како Кина гледа на овој потегот. Тој, исто така, го упати предупредување до Пјонгјанг:

Ако севернокорејски војници решат да се приклучат во борбата против Украина, тие ќе станат легитимни воени цели, изјави Кирби.

Што се однесува до Русија, Кирби рече дека секое потенцијално распоредување на севернокорејски трупи против Украина ќе биде знак на очај и слабост.