САД со нови санкции за повеќе од 400 субјекти кои ја поддржувале Русија

Санкции

САД денеска воведоа нови санкции за повеќе од 400 субјекти обвинети дека ја поддржувале Русија за време на нејзината војна со Украина.

Објавени на само еден ден пред празникот за независноста на Украина, санкциите се фокусираат на фирмите во Русија, Европа, Азија и Блискиот Исток кои се обвинети дека и помагале на Русија да ги избегне американските санкции и овозможување на нејзината војна во Украина, се вели во соопштението од Одделот за финансии на САД.

Зградата на Одделот за финансии на САД

Администрацијата на Бајден, исто така, додаде 123 фирми во американската листа за контрола на извозот, која бара од добавувачите да добијат лиценци пред да ги испорачаат стоките до компаниите кои се наведени на листата. На листата се наоѓаат 42 кинески и 63 руски фирми, според известувањето објавено во Федералниот регистар.

САД постојано го предупредуваат Пекинг за снабдување на Москва со машини и технологија што ја поддржува руската одбранбена индустриска база и нејзината целосна инвазија на Украина.

Кина вели дека не и дала оружје на Русија за нејзината војна во Украина, но ја бранела, како што ја нарекува, нормалната трговија меѓу Пекинг и Москва.

Санкции

Американскиот Оддел за финансии, исто така, ги предупреди „странските регулатори и финансиските институции“ за какви било деловни гранки со странски филијали или подружници на руски финансиски институции, вклучително и оние кои не се санкционирани.

„Американскиот трезор има низа алатки на располагање за да одговори на воспоставувањето нови канали за затајување“, се додава во соопштението.

Со воведувањето нови санкции, Одделот за финансии продолжува „да ги спроведува обврските“ преземени од претседателот Џо Бајден и неговите колеги од Г7 водечки индустријализирани земји „да ги попречат синџирите на снабдување и каналите за плаќање на воено-индустриската база на Русија“, рече заменик-секретарот на Одделот за финансии Воли Адејемо.

„Компаниите, финансиските институции и владите ширум светот треба да се погрижат да не ги поддржуваат руските воено-индустриски синџири на снабдување“, додаде тој.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.