САД ќе објават нови санкции и извозни контроли против Русија за време на самитот на Г7 во јужна Италија подоцна оваа недела, изјави денес портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.
САД и лидерите на најголемите економии воведоа огромни санкции кон Русија за нејзината инвазија на Украина во 2022 година, а Кирби рече дека ќе додадат нов сет на „влијателни“ санкции и контроли на извозот што ги таргетира ентитетите и мрежите кои ѝ помагаат на Русија во нејзината војна.
„Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската воена машина“, рече Кирби.