ВАШИНГТОН, 27 јуни (Ројтерс) - САД оваа недела ќе објават активности за да ја повикаат на одговорност руската платена војска Вагнер, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, за нејзините активности во Африка а кои не се поврзани со бунтот во Русија.
Портпаролот Мет Милер на дневниот брифинг за печатот не објасни каква ќе биде планираната акција на САД.
„Тоа се дејствија што ги преземаме против Вагнер не во врска со настаните што се случија викендов, туку за нивните претходни активности“, рече Милер, додавајќи дека тие се вклучени и во земјите на Африка.
Судирот меѓу Москва и Вагнер беше избегнат во саботата, откако тешко вооружените платеници се повлекоа од јужниот руски град Ростов.
Рускиот претседател Владимир Путин првично вети дека ќе го уништи бунтот, што беше најголемиот удар за неговиот авторитет во последните 23 години, споредувајќи го со воените превирања што ја започнаа револуцијата во 1917 година, а потоа и граѓанската војна, но неколку часа подоцна беше постигнат договор.
Пригожин „денес е во Белорусија“, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко, цитиран од државната новинска агенција Белта.