САД испраќаат запленета иранска муниција во Украина

Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, соопшти дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од 7,62 мм

САД ѝ испратија на Украина повеќе од еден милион иранска муниција што беше запленета минатата година, соопшти денес американската војска.

Американските поморски сили со години запленуваа оружје за кое се верува дека е од Иран наменето за борците поддржани од Иран во Јемен, обично транспортирано со рибарски бродови.

Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, соопшти дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од 7,62 мм.

Тие првично биле запленети од американските поморски сили во декември 2022 година.

„САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да се спротивстават на протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите законски средства, вклучувајќи ги санкциите на САД и ОН и преку забрани“, се вели во соопштението на Централната команда.

Малку е веројатно дека муницијата ќе направи голема разлика на бојното поле во време кога оружјето со долг дострел и системите за противвоздушна одбрана се на врвот на списокот на барања на Украина.

Конгресот не вклучи нови пари за Украина во предлог-законот за привремено финансирање на САД што го усвои во саботата за да ја одржи федералната влада отворена, нагласувајќи ја зголемената неподготвеност на некои републиканци да обезбедат средства за Киев.

Минатата година, британската кралска морнарица соопшти дека еден од нејзините воени бродови запленила иранско оружје, вклучително и проектили земја-воздух и мотори за крстосувачки ракети, од шверцери во меѓународните води јужно од Иран.