САД и Кина во жестока трка за доминација во технологијата за вештачка интелигеција

Your browser doesn’t support HTML5

Mала кинеска компанија го шокираше технолошкиот свет со веста дека го создала „DeepSeek“ систем за вештачка интелигенција со високи перформанси, а со помала компјутерска моќ, и по пониска цена од американските технолошки гиганти. Известува Мишел Квин.

До овој момент, американските технолошки гиганти ја водеа глобалната трка за изградба на најнапредни системи за вештачка интелигенција.

Тие се потпираат на огромни центри за податоци и врвни микрочипови. И велат дека им требаат повеќе пари – да платат за повеќе енергија и помоќни чипови.

Сега стартуваше „DeepSeek“.

Кинеска брзорастечка компанија за вештачка интелигенција што одговара на перформансите на производените во САД.

„DeepSeek“ вели дека во споредба со своите американски колеги, потрошиле далеку помалку пари и користеле помалку компјутерска моќ за правењето на својот систем.

Веста се пренесе со значително влијание низ Силиконската долина. Апликацијата на „DeepSeek“ се најде на првото место за симнување на „Apple App Store“. Паднаа акциите на американските технолошки компании.

Вашингтон, каде се смета дека САД и Кина се во жестока трка со вештачка интелигенција, забележа.

„Промовирањето на апликацијата за вештачка интелигенција од 'DeepSeek' (ДипСик) од кинеска компанија треба да ги поттикне нашите индустрии интензивно да се фокусираат на натпревар со нив, за да бидат подобри“, истакна Трамп.

САД воведоа строга контрола на извозот за да ги спречат чиповите од највисоко ниво да влезат во Кина. „DeepSeek“ тврди дека работата во рамките на ограничувањата и помогнала да дојде до поевтини решенија.

„Тоа е евтина, штедлива иновација која е многу побрза и многу поевтина за создавање и употреба. Како таква, ќе има привлечност за многу широк опсег“, посочува Олаф Грот од Универзитетот на Калифорнија.

„DeepSeek“ предизвика загрозеност во Силиконската долина – се потпира на технологијата со отворен код, која ја споделуваат и ја градат кодерите низ фирмите и земјите.

Тоа е поинаков пристап од повеќето гиганти на вештачка интелигенција... ….како „OpenAI“... …..Мајкрософт и ....Гугл, кои ја држат својата работа во тајност.

Но, пред две години, „Мета“, под чија сопственост е „Фејсбук“, го објави кодот „Llama“ на неговата најсовремена технологија на вештачка интелигенција, за да можат другите да ја користат за иновации.

„DeepSeek“ користеше „Llama“ за да ги научи своите модели на вештачка интелиганција, а потоа ја објави својата технологија и го сподели својот код со група луѓе кои создаваат софтвери.

„Тие силно чувствуваат дека е многу неопходно да се сподели кодот бидејќи го демократизира, ако може така да се рече, и создавањето и употребата на вештачка интелигенција, по пониски трошоци“, вели Грот.

Некои набљудувачи велат дека доаѓањето на DeepSeek ја доведува во прашање ефективноста на неодамнешната политиката за вештачката интелигенција. Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе ја направи вештачката интелигенција приоритет.