За Денот на независноста и спектакуларниот огномет во Њујорк и оваа година се погрижија од Мејсис. Огнометот со 60.000 гранати беше лансиран од реката Хадсон во Њујорк.
Беа вклучени 30 бои со впечатливи ефекти, вклучувајќи и досега невиден огномет со калеидоскопски дизајн. Огнометот беше лансиран како и секоја година од бродовите позиционирани покрај реката Хадсон со повеќе можности за гледање во Менхетен и во Њу Џерси. Ова е прв пат по повеќе од една деценија огнометот да биде лансиран на западната страна на Менхетен, на реката Хадсон која ги дели Њујорк и сојузната држава Њу Џерси. Огнометот беше во времетраење од 30 минути. Среќен 4-ти јули - Ден на независноста на САД.