Портпаролот на Кремљ Димитри Пешков, изјави дека Русија жали за слабеењето на односите за време на вториот мандат на претседателот Барак Обама, изразувајќи надеж за позитивен развој на настаните во иднина.
САД соопштија дека воведуваат санкции против главниот руски истражител Александар Бастрјукин и четворица други претставници, меѓу кои Андреј Луговои и Димитри Ковтун, за, како што ги нарече Стејт департментот, „ноторни прекршувања на човековите права“.
Петммината Руси, заедно со две други лица со наводни врски со Хезболах, се санкционирани согласно „Актот Магнитски“.
Во моментов на листата на Стејт департментот се наоѓаат 44 лица, кои имаат забрана за влез во САД, а нивниот имот во оваа земја е замрзнат. На американските државјани им е забрането да изведуваат какви било финансиски трансакции со овие лица.