Саливан и Антонов разговарале за односите САД - Русија

Амбасадорите размениле мислења за моменталниот статус и напредок во односите меѓу двете држави, соопшти Руската амбасада

Новиот амбасадор на САД во Русија Џон Саливан се сретна со неговиот руски колега Анатоли Антонов во Вашингтон.

„Двете страни разменија мислења за моменталниот статус и напредок во односите Русија - САД“, се вели во соопштението на Руската амбасада, за нивната вчерашна средба.

Саливан, кој служел во две пртходни администрации и е близок соработник на државниот секретар Мајк Помпео, беше потврден за амбасадор од Сенатот на 12-ти декември, а даде заклетва на 23-ти декември.

Тој беше вклучен во креирање на американската политика кон Русија, ги предводеше разговорите со Москва за борба против тероризмот во јули, а беше вклучен во обновување на преговорите за различни безбедносни прашања.

Тој, исто така, беше вршител должност државен секретар, по оставката на Рекс Тилерсон минатата година.

Како амбасадор, тој доаѓа на местото на Џон Хантсман, кој даде оставка во август.

Рускиот министер за надворешни работи го опиша Саливан како „искусен и професионален дипломат“.