Русија бара компензација од САД за царините на алуминиум и челик од странство, со што стана трета влијателна земја во Светската трговска организација што го прави тоа.
Кина, ЕУ и Индија, исто така се спротивставија, тврдејќи дека царините се „заштитна“ мерка за заштите на американските домашни производи од увоз, што налага компензација за главните земји-извозници.
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, го отфрли аргументот, велејќи дека тарифите се воведени од национални безбедносни причини и оттука, согласно меѓународното право, се дозволени.
Во моментов не е јасно што значи барањето на Москва во пракса, бидејќи не ја поднела жалбата преку механизмите на СТО, која брои 164 земји-членки, што е вообичаен чекор за решавање на трговски спорови.
Сојузниците на САД, Австралија, Канада, ЕУ, Мексико и Јужна Кореја, се привремено изземени од царините и допрва треба да се организаираат преговори.