Рускиот премиер Дмитри Медведев пред парламентарците истакна дека земјата може да ги поднесе санкциите спрема Русија заради ситуацијата во Украина предложени од Западот.
Во телевизиско обраќање до рускиот парламент, Медведев истакна дека нема да дозволи руските граѓани да станат заложници на политички игри и непријателски акции.
Тој додаде дека е убеден оти неговата влада ќе може да ги минимизира последиците од санкциите и дека ќе реагира како што налагаат условите. Рускиот лидер ги увери законодавците дека индустријата на неговата земја што зависи од странски пазари, помошта ќе ја добие од владата.
Медведев беше дециден дека Русија не планира да ги намали трговските односи со ЕУ, но кажа дека благодарение на соработката со другите пазари, Русија може да ги минимизира загубите.
САД рекоа дека се подготвени да воведат дополнителни санкции спрема Русија доколку Москва не преземе чекори да ги намали тензиите во источна Украина.
Вашингтон и ЕУ веќе воведоа забрани за патувања и користење на имотот на бројни руски официјални лица.