Московскиот суд на најистакнатиот лидер на опозицијата во Русија, Алексеј Навални, му изрече казна затвор од 30 дена, за организирање масовни протести против претседателот Владимир Путин претходно месецов.
Навални и стотици негови приврзаници беа притворени за време на демонстрациите во Москва, како и во десетици други градови во пресрет на инаугурацијата на Путин. Навални беше ослободен еден ден подоцна, откако беше обвинет за поттикнување неовластен протест.
Навални беше и организатор на големите улични протести со реизборот на Путин во 2012-та година, и беше притворен по обвинение за финансиски злоупотреби, за кои тврдеше дека биле фабрикувани.
На изборите, Путин победи во конкуренција со седум противкандидати, освојувајќи речиси 77 отсто од гласовите. Меѓународните набљудувачи упатија критики, велејќи дека немало вистински противкандидат на изборите, а жалби беа поднесени и за тврдењето дека имало лажирање на гласачките ливчиња.
Руските изборни претставници ги опишаа прекршоците како „мали“, но рекоа дека таквите обвиненија ќе бидат истражени.
Владимир Путин е претседател или премиер на Русија уште од 1999-та година.