Идентификуван осомничениот за нападот во Русија

Никој засега не ја презел одговорноста

Осомничениот за нападот во Санкт Петерсбург е руски државјанин, роден во Киргистан, соопштија разузнавачките служби во Киргистан.

Портпаролот на Киргистанската безбедносна служба, го идентификуваше лицето како Акбарсон Јалинов, роден во 1995-та година. Претходно, руската новинска агенција Интерфакс, јави дека руските власти го идентификувале наводниот напаѓач како 23-годишен човек од Централна Азија.

Според дописникот на Гласот на Америка од Русија, Даниел Шерф, властите затвориле една од метро-станиците во инцидентот од понеделникот, откако добиле анонимен телефонски повик за бомба.

На денешната прес-конференција за новинарите, руската министерка за здравство Вероника Сквортсова, соопшти дека бројот на жртвите од експлозијата во моментов изнесува 14 лица.

Никој засега не ја презел одговорноста за нападот.

Градските власти прогласија тридневна жалост.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот во родниот Санкт Петерсбург, требало да се сретне со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.