Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот пристигна во Пекинг.
Путин ќе присуствува на форумот свикан од кинескиот лидер Шји Џингпинг за да ја одбележи 10-годишнината од неговата потписна иницијатива „Појас и пат“, програма која Кина ја користи за изградба на огромни инфраструктурни проекти низ Азија, Африка, Латинска Америка и делови од Источна и Јужна Европа.
Кремљ соопшти дека Путин и Шји ќе се сретнат на маргините на форумот в среда.
Двајцата лидери минатата година потпишаа ветување за прогласување билатерални односи „без ограничувања“ само неколку недели пред руските трупи да ја нападнат Украина. Оттогаш Пекинг стана најсигурниот економски и дипломатски партнер на Москва, бидејќи западните земји воведоа строги економски санкции како одговор на инвазијата.
Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.