Руската државна телевизија рече дека нејзин новинар бил убиен во Запорожје

  • VOA

Руската мрежа ја објави смртта на Борис Максудов еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека тој бил погоден додека работел во Запорожје

Руската државна телевизија денес објави дека еден од нејзините новинари починал откако бил повреден во напад со украинско беспилотно летало во областа Запорожје во јужна Украина, окупирана од Русија.

Руската мрежа ја објави смртта на Борис Максудов еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека тој бил погоден додека работел во Запорожје.

Во меѓувреме, украинските власти денес рекоа дека руското гранатирање убило едно лице, а друго е повредено во регионот Херсон во јужна Украина.

Официјалните лица рекоа дека областите погодени од руското гранатирање вклучуваат станбена зграда.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски искористи дел од своето ноќно обраќање во средата за да ги нагласи новите пакети за воена помош од сојузниците, за кои рече дека вклучуваат помош за противвоздушната одбрана на неговата земја.

Зеленски рече дека помошта подобро ќе ги заштити градовите и населбите во Украина од руски напади и дека „небесниот штит на Украина станува помоќен буквално секој месец“.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс- прес и Ројтерс