Русија ја обвини Украина за напад со беспилотно летало во Москва

Руското министерство за одбрана соопшти дека или собориле или пренасочиле осум беспилотни летала кои ја таргетирале областа на Москва.

Русија вели дека Украина е одговорна за нападот со беспилотно летало во вторникот во Москва, додека руските сили го извршија 17-от воздушен напад овој месец врз главниот град на Украина.

Руското министерство за одбрана соопшти дека или собориле или пренасочиле осум беспилотни летала кои ја таргетирале областа на Москва.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во нападот оштетени се две станбени згради и се повредени две лица.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.

Засега нема коментар од украинските власти.

Нападот следи по оној на почетокот на мај, за кој руските власти рекоа дека цел бил Кремљ. И за тој напад Русија ја обвини Украина.

Рано во вторникот, Русија, како што го нарекоа украинските официјални лица изврши „масовен напад“ насочен кон Киев со повеќе од 20 беспилотни летала кои украинската воздушна одбрана ги уништи.

Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, на Телеграм рече дека по неколкудневни руски воздушни напади кои користеа комбинација од беспилотни летала и проектили, Русија се потпираше единствено на беспилотните летала од иранско производство за нејзиниот 17-ти напад врз главниот град на Украина во месец мај.

Украина го наведе повторениот успех во соборувањето на поголемиот дел од она што Русија го лансира во Киев, но често парчиња остатоци од соборените проектили и беспилотни летала завршуваат удираат згради.

Попко рече дека остатоците од нападот во вторникот погодиле станбена зграда и предизвикале пожар, при што најмалку едно лице загинало, а други тројца се повредени. Дополнителен шут, оштети автомобили и куќа во други делови од градот, додаде тој.

Руските сили го подложија Киев на засилена кампања на напади пред очекуваната украинска контраофанзива за која водачите на Киев рекоа дека ќе се обиде да ја врати територијата што Русија ја зазеде во источна Украина откако ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.

„Секој таков терористички напад нè носи и нас и целиот свет до очигледен заклучок: Русија сака да го следи патот на злото до крај, односно до својот пораз, бидејќи злото не може да има друг крај освен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото ноќно обраќање во понеделникот. „Светот мора да види дека теророт губи“, вели тој.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.