Русија соопшти дека украински дрон погодил во објект за гориво

Официјални лица во повеќе руски региони велат дека воздушната одбрана соборила украински дронови.

Руските власти објавија напади со украински дронови насочени кон Москва и неколку региони на западна Русија.

Андреј Кличов, регионален гувернер на Орјол, рече дека дронот се урнал во фабрика за гориво, предизвикувајќи пожар, но нема жртви.

Украински дронови го нападнаа и регионот Белгород, кој се граничи со Украина, оставајќи некои луѓе без струја, изјави регионалниот гувернер.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека руската противвоздушна одбрана уништила дрон што летал кон главниот град на Русија. Тој пријавил дека нема штета или повредени од паѓање на остатоци.

Официјални лица во регионите Тула и Курск, исто така, објавија дека се уништени украински дроновиво тие области.

Во Украина, властите издадоа воздушни предупредувања во повеќе региони во текот на ноќта.

Некои информации за овој извештај дадоа агенцијата Франс прес и Ројтерс