Рубио: САД ќе промовираат мир низ светот

Your browser doesn’t support HTML5

На неговиот прв ден на работа, државниот секретар Марко Рубио се состана со неговиот персонал и ги претстави своите надворешно-политички приоритети. Тој, исто така, се состана со сојузниците од индо-пацифичкиот регион. Известува Вероника Балдерас Иглесијас од Гласот на Америка.

На неговиот прв ден како државен секретар на САД, поранешниот републикански сенатор Марко Рубио им кажа на своите нови вработени дека нивниот оддел ќе промовира мир ширум светот.

Но, избегнувањето на конфликт ќе биде стратешка одлука.

Рубио во вторникот се состана и со министрите за надворешни работи на Индија, Австралија и Јапонија. Четирите земји формираат Квадрилатерален безбедносен дијалог, или Квад...

блок кој има за цел да се спротивстави на економските и воените амбиции на Кина во индо-пацифичкиот регион.

Собирот во вторникот ја намали загриженоста за пристапот „Америка на прво место“ под претседателот Доналд Трамп.

Пекинг го осудува Квад како конструкција од Студената војна.

Аналитичарот истакна дека кинеската модернизација и проширување на нејзиниот воен и нуклеарен арсенал само ќе продолжи да ги поттикнува земјите во тој регион да ги зајакнат ...

сопствените војски и да бараат поблиско усогласување со САД.