Илјадници мотоциклисти за последен пат се собраа викендов во Вашингтон на т.н. „Тркалачка грмотевица.“
Годишната традиција која се одржува на празникот на Денот на сеќавањето има за цел да го привлече внимание за повеќе од 83.000 американски војници ко се` уште се водат како исчезнати во акција почнувајќи од Првата светска војна па се до неодамнешните борби во Ирак и Авганистан. На листата се вклучени и 126 лица кои се водат за исчезнати во операциите поврзани со Студената војна.
Првата „Тркалачка грмотевица“ се одржа во 1988-та година.
Мотоциклистите обично се среќаваат на паркингот пред Пентагон и преку мостовите на реката Потомак возат до центарот на Вашингтон.
Но, извршниот директор на „Тркалачката грмотевица“ Арти Мулер кажа дека ова е последна година кога настанот ќе се одржи во Вашингтон. Тој вели дека тие се фрустрирани од бирократијата на Пентагон во координирањето на настанот. Милер додава дека спонзорите, продавачите и другите не добиле пристап до паркинзите, иако платиле за тоа.
За многумина, децениското присуство на групата е синоним за активностите за Денот на сеќавањето во главниот град на САД.
Претседателот Доналд Трамп кажа дека „Тркалачката грмотевица“ секогаш е добредојдена во градот.