Само во Америка: Младите Американци мора да штедат за старост

Само во Америка: Младите Американци мора да штедат за старост

Аналитичарите во Бирото за попис имаат провокативна прогноза за американското население во 2050, кога денешните 25-годишници ќе чукаат на врата на возраста од 65 години.

Ако се одржат прогнозите, не само што тогаш ќе има два пати повеќе 65-годишници и постари со просто броење, туку нивниот процентуален дел во популацијата ќе скокне од 12 на 21 процент. Тоа значи повеќе од еден од петмина Американци до средина на векот ќе бидат, како што велиме „постари граѓани“. И, ако сегашниот демографски тренд продолжи, многу поголема пропорција од постарите во државата ќе бидат Хиспанци, Африкански Американци и Азиски Американци.

Линда Џекобсен ов Бирото за попис, вели дека во 2050 многу повеќе луѓе стари 65 години и повеќе ќе работат надвор од дома. Делумно, тоа е и од причина што тогаш многу повеќе отколку денес ќе бидат добро едуцирани и во добро здравје, и едноставно – ќе сакаат да продолжат да работат.

Други нема да имаат избор, зашто нема да можат да земат бенефиции од Социјално осигурување зашто границата продолжува да се крева, може и над 70 години до 2050. И како што приватните компании ги намалуваат трошоците, добри пензии и пензиски планови платени од компаниите ќе биде тешко да се најдат.

Денеска, жените почесто од мажите се тие што остануваат дома да се грижат за нивните родители во крајната фаза на живот, додека мажите придонесуваат со пари за грижа на нивните постари родители. Но, во 2050 жените ќе бидат помалку во можност да пружаат таква грижа, зашто многу од нив ќе работат некаде.

Така, како што вели Линда Џекобсон, млади Американци подобро да почнат да штедат за пензионерски денови сега, зашто голема е можноста дека ќе треба да се грижат за себе во поодминати години. Но, тие може да очекуваат и многу повеќе старечки домови од кои ќе може да изберат.

Во 2050, Американците кои се 65 години стари може да се сметаат за „лица на средни години“. До тогаш само тие што демографите ги нарекуваат „најстари стари“ – на 85 години и постари – ќе се сметаат за навистина „стари“.