Републиканците се подготвуваат за лидерство во Сенатот од јануари

Your browser doesn’t support HTML5

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе стапи на функција во јануари 2025 година со обединета контрола на Конгресот на САД. Републиканците ќе имаат мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом. Известува Кетрин Џипсон. 

Новиот лидер на идниот американски Сенат со републиканско мнозинство.

„Имаме мандат од американскиот народ, мандат не само да го исчистиме нередот што го остави агендата Бајден-Харис-Шумер, туку и да ги исполниме приоритетите на претседателот Трамп", вели републиканскиот сенатор Џон Тун.

Тун ја презема лидерската улога во Сенатот откако Мич Меконел беше на таа позиција 18 години, а тој веќе е пред својот прв тест. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп предложи да се заобиколи уставната улога на Сенатот за одобрување на кандидатите за Кабинетот.

„Сенатот има улога на советник и согласност во Уставот, така што ќе направиме се што можеме за брзо да ги обработиме неговите номинации и да ги поставиме на нивната позиција за да можат да почнат да ја спроведуваат неговата агенда", вели Тун.

Демократите го загубија мнозинството и ќе имаат најмалку 47 места во новиот Сенат.

„Американскиот народ ни постави предизвик. Мораме да учиме од тоа”, посочува Чак Шумер, лидер на мнозинството во Сенатот.

Трамп имаше обединета контрола на владата во првите две години од неговиот прв мандат. Но, еден аналитичар вели дека тоа не секогаш значи дека Белата куќа ќе го добие она што го сака на Капитол Хил.

„Мич Меконел тогаш рече дека ја поддржува агендата на претседателот, ќе работи со нив, но потоа видовме од номинации до политики дека нема да обезбедат гласови ако мислат дека претседателот отишол предалеку”, вели Кејси Бургат од Универзитетот “Џорџ Вашингтон“.

Републиканците, исто така, обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом на САД, добивајќи пофалби од Трамп. Новоизбраниот претседател го одобри претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон повторно да биде спикер.

„Верувам дека тоа ќе биде најконсеквентниот конгрес во модерната ера, најконсеквентната администрација на модерната ера, бидејќи, искрено, треба да ја поправиме речиси секоја област од јавната политика", вели Џонсон.

Но, републиканците имаат многу потесно мнозинство во Претставничкиот дом со само неколку места повеќе од демократите, кои ветија дека ќе продолжат да се борат.

„Конгресната прогресивна група ќе продолжи да биде жесток бранител на работничката класа и на сиромашните луѓе”, посочува Прамила Џајапал , демократка.

Новиот 119-ти Конгрес на САД ќе положи заклетва на функцијата на 3-ти јануари.