Официјални лица велат дека рекордните монсунски дождови убиле повеќе од 100 луѓе во северна Индија оваа недела.
Властите во четвртокот соопштија дека користеле хеликоптери за да спасат речиси 300 луѓе кои беа заглавени во областа Чандертал во најтешко погодената хималајска држава Химачал Прадеш.
Повеќето од спасените биле туристи. Нивото на водата на реката Џамуна што тече низ индиската престолнина го надмина 40-годишниот рекорд и достигна 207,71 метри во средата навечер.
Индија редовно е сведок на тешки поплави за време на сезоната на монсуните, која трае помеѓу јуни и септември и носи најголем дел од годишните врнежи во Јужна Азија.
Дождовите се клучни за дождовните култури засадени во текот на сезоната, но често предизвикуваат голема штета.
Извор: Асошиетед прес