Реакции по Загрепскиот Самит

Your browser doesn’t support HTML5

Реакции по Загрепскиот Самит

„Имплементирањето на билатералните договори во добар дух со видливи резултати вклучувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија останува важно“, се вели во Загребската декларација усвоена на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Прерано е ова да се проценува како некаква си нечија победа
Симонида Кацарска, Институт за европска политика.


„Го поздравуваме направениот напредок за намалување на тензиите во регионот, пред се со Преспанкиот договор и Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија. Многу е важно да продолжи имплементирањето на овие договори“ рече Шарл Мишел, Претседател на Советот на ЕУ.

Дали ваквата формулација која доаѓа во период на искричави односи меѓу Софија и Скопје во однос на ликот и делот на историски личности, значи дека Бугарија успеала да ги наметне своите позиции во еден европски документ и дали тоа ќе влијае врз содржината на рамката со која ќе се одредат насоките на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Прерано е ова да се проценува како некаква си нечија победа. Тие договори се наша реалност, но неоспорно се дека барањата на Бугарија во голема мера нудат толкувања на Догвоорот за добрососедство кои не секогаш се поврзани со истиот. ЕК при правењето на преговарачката рамк ќе биде многу внимателна. Се уште е многу рано да се кажи дали тие услови кои за нас се спорни ќе се појават директно во нашите преговори“ вели Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Нека си водат предизборна кампања, но не на сметка Бугарија
Бојко Борисов, Премиер на Бугарија


Бугарскиот премиер е задоволен од тоа што Договорот за добрососедство е наведен во Декларацијата од Самитот - Борисов прати порака - ако некој отстапи од тој документ, при секое преговарачко поглавје Бугарија може да блокира.

„Нека си водат предизборна кампања, но не на сметка Бугарија зашто, да, ние цврсто ги поддржуваме, но и цврсто опстојуваме на историјата и на она што многу јасно е напишано во Договорот за добрососедство“ изјави Бојко Борисов, Премиер на Бугарија.

Заедничката историска комисија не заседавала веќе половина година – досега успеа да ги затвори прашањата за цар Самоул, Свети Кирил и Методиј... Разговорите запреа за етничката припадност на Гоце Делчев и неговото историско наследство – Софија тврди дека тој недвосмислено е Бугарин и национален херој на Бугарија...