Првите почетоци ги прават во основното музичко училиште Методи Патче од Охрид. Едниот на пијано, другиот на виолина, браќата Владимир и Виктор Србиноски, денес имаат една единствена цел, да бидат дел од најпознатите светски музички сцени. Желбата за свирење се родила, гледајки ги настапите на близок роднина, кој што исто така е музичар.
//Владимир Србиноски-пијанист//
„Мојот план е да станам концертен пијанист. Да ги освојам светските сцени, да одржувам концерти семинари и да сум професор на некој од познатите факултети. Би било идеално да сум во некоја од познатите музички држави, како што се Австрија, Германија и Швајцарија“.
//Виктор Србиноски-виолинист//
„Ќе продолжам и се надевам дека ќе свирам на многу концерти низ многу држави“.
Виктор кој заврши седмо одделение, неодамна ја имаше привилегијата, која само малкумина ја имаат, да настапи заедно со Македонска филхармонија и беше најмладиот солист. Тој е само вториот ученик од училиштето, кои досега настапиле со филхармонија.
//Виктор Србиноски-виолинист//
„Настапот е концерт „Младите доаѓаат“. Тој концерт се свири заедно со Македонската филхармонија. На аудицијата од 24 ученици примаа само 10 ученици, од кои јас бев еден од нив“.