Поддршката на Америка за војските на Украина и Израел ја зголеми температурата на американската одбранбена индустрија.
Фабриките низ целата земја имаат задача да произведат повеќе оружје и муниција со темпо што не е забележано со децении.
Но, аналитичарите предупредуваат дека одбранбената индустрија не е во чекор со сложените закани, кои се движат од руската агресија во Источна Европа до напади од милитантите поддржани од Иран во Црвеното Море.
„Морнарицата истрела повеќе Томахавци за една недела отколку за цела измината година заедно. Ова е стапка на производство во време на мир што треба да се направи преку дополнителната национална безбедност”, вели Мекензи Иглен од Американскиот институт за претпријатија.
Сенатот го усвои предлог-законот со повеќе милијарди воена поддршка за Украина, Израел, Тајван и САД.
„Педесет милијарди долари од ова барање се за нашата индустриска база. Исто толку и за нашата национална безбедност и капацитетот на нашата индустриска база. Но, Украина не е важна само за Европа. Таа е важна за целиот свет”, посочи Лојд Остин, Американски секретар за одбрана.
Свет во кој Кина гледа како САД и нивните сојузници реагираат на предизвикот.
„Пекинг може да пресмета. Тие знаат колку проектили купуваме или произведуваме годишно и тоа секако не е доволно за да се одврати или спречи војната да се случи во Азија”, додава Иглен.
Кина се закани дека ќе ја преземе контролата над Тајван со сила доколку е потребно, потег што го шокираше целиот регион на Пацификот.
И демократите и републиканците во Сенатот оваа недела го повикаа Конгресот да гласа за дополнување на законот.
„Секако дека ја споделувам надежта на законодавците дека ова дополнување ќе биде донесено и потпишано во закон многу брзо”, посочи републиканскиот сенаторот Роџер Викер.
Нацрт-законот финансира повеќе американски подморници кои би можеле да помогнат во патролирањето на Пацификот, при што дел од нив ги покрива тековните операции на американската aрмија во Европа.