Расте бројот на жени - политички затворенички во Русија

  • VOA

Активисти од руската дијаспора во Лос Анџелес одржаа собир на кој им напишаа писма на жените политички затворенички во нивната татковина

Затворањето поради политичко несогласување е особено тешко за жените, вели Надја Толоконикова, креаторка на Пуси Рајот, која помина 16 месеци во руски затвор. Руската дијаспора во Лос Анџелес се собрала да напише писма со поддршка на жените затворени на политичка основа во нивната држава.

Надја Толоконикова го создаде рускиот феминистички уметнички колектив Пуси Рајот.

Таа помина 16 месеци во затвор за протестот во 2012 година, чија цел беше верска нетолеранција во Русија и блиските врски на претседателот Владимир Путин со Православната црква.

Додека беше во затвор, таа започна штрајк со глад поради суровите затворски услови.

За Гласот на Америка во Лос Анџелес, таа рече дека жените - политички затвореници, мора да се справат со мизо-ги-нија.

Your browser doesn’t support HTML5

Прогресивни жени стануваат политички затворенички во Русија 

„Руската омраза кон секое несогласување се удвојува со омразата кон жените. Во нашиот случај, бевме срамени, дека сме лоши мајки. Тоа е типична тактика на насилникот. Не беше наша вина што нè одзедоа од нашите деца, но тие не обвинуваа што не ги воспитуваме нашите деца, туку седиме во затвор“, вели Толоконикова.

Активисти од руската дијаспора во Лос Анџелес одржаа собир на кој им напишаа писма на жените политички затворенички во нивната татковина, вклучувајќи ја и Ксенија Карелина.

Додека го посетувала семејството, Карелина била приведена во Русија под сомнение за предавство, бидејќи наводно дала мала донација во добротворна организација што ѝ помага на Украина.

Таа се соочува со затворска казна до 20 години.

Миша Суворов вели дека мисли на сопственото семејство.


„Можеше да биде мојата ќерка, која само отишла да се поврзе со својата татковина, со нејзините корени и да го запознае нејзиното семејство, и да биде затворена на граница и фрлена во затвор од некои насилници за објавување нешто на интернет“, вели Суворов.

Активистката Анастасија Корниенко покажува слика од Викторија Гончарова, која отслужува затворска казна од шест и пол години.
Нејзините наводни злоупотреби вклучуваат објавување на симболи на украинските екстремно десничарски групи на социјалните мрежи и промовирање екстремизам.(

„Тие се отсечени од светот. Мислат дека правдата ги казнува, дека направиле нешто лошо. Но, кога добиваат писма и некој им вели дека не направиле ништо лошо и да бидат храбри, тогаш знаат дека не се сами. Руските власти не можеа да ги отсечат од целиот свет“, укажува Корниенко.

Корниенко вели дека бројот на жени политички затворенички на нивната листа за пишување писма пораснал од 63 на 86 само во изминатиот месец под репресијата на руската влада.