Расте бројот на дезинформации по конфликтот во Израел

По бомбашките напади во Израел, дезинформациите за конфликтот се раширија на интернет со брзина што ги шокираше аналитичарите.

„Тоа е полошо од тоа што се случи на 6-ти јануари. Полошо и од пандемијата со ковид 19 или почетокот на вакцинирањето. Всушност, тоа е најинтензивната количина на дезинформации што сум ги видел досега на социјалните мрежи“, вели Алекс Махадеван, директор на Медиавајс.

Се тврди дека Украина шверцува оружје за Хамас на видео кое има милиони прегледи. Но, објавата и самото видео се лажни.

Друга објава покажува деца во кафези на која се тврди дека се Израелци киднапирани од Хамас. Но, откриено е дека ова видео е објавено на „Тик ток“ неколку дена пред нападот во саботата.

Your browser doesn’t support HTML5

Дезинформации по конфликтот во Израел

И, во овој последен пример, постот и репортерот се лажни. Би-Би-Си нема ниту дописник по име Верона Марк, ниту ток-шоу наречено „Американ инсајд“.

X подоцна го суспендираше профилот поради прекршување на правилата на платформата.

Во активната конфликтна зона, новинарите не можат секогаш да пристапат до најтешко погодените области, што создава празнини во информациите. А дезинформациите често го пополнуваат тој вакум.

„Тоа значи дека многу дезинформации и интернет пропагандата може да ги поткопаат напорите за навремени и точни информации што и се потребни на јавноста, а исто така и на милиони ширум светот“, вели Шериф Мансур од комитетот за заштита на новинарите.

Социјалните мрежи можат да им помогнат на новинарите да ја пренесат вистината, но можат да придонесат и за ширење лажни вести. Некои експерти за социјални мрежи укажаа на промените на поранешната социјална мрежа „Твтитер“, сега „X“, вклучително и намалувањето на персоналот, што резултира со ширење на дезинформации.

„По навика, новинарите како мене и обичните луѓе се свртеа кон поранешниот „Твитер“, сега „X“ за да дознаат што се случува со војната меѓу Израел и Хамас. Сега, за жал, целиот тим за доверба и безбедност на „X“ е растурен кои отстрануваат содржини кои содржат насилство и омраза“, додава Махадеван.

Европската унија во вторникот го потсети сопственикот на „X“, Илон Маск, и платформата на социјалниот медиум за законската обврска да споделуваат такви содржини. Маск одговори дека неговата платформа била транспарентна и побара од ЕУ да изнесе листа на наводните прекршувања.

Во меѓувреме, среде огромниот број на дезинформации за конфликтот, новинарите мора да разграничат што е факт, а што фикција, за да обезбедат пристап до кредибилни вести.