Невините цивили во Газа, добиваат топол оброк, благодарение на донациите и на македонските граѓани. На повеќе пунктови низ државата и преку донаторска жиро - сметка, се собира хуманитарна помош за овие луѓе, зафатени од војната во Газа.
Помошта се собира само во парични средства, бидејки за сега нема начин за достава на друг вид на помош.
Your browser doesn’t support HTML5
„Уште веднаш беа собрани првите 15.000 евра, кои што веднаш беа префрлени кај нашите меѓународни партнери во Турција, преку чија што помош, заедно со нивната помош, храната беше префрлена во Египет. И во консулатации со нив, истата префрлена преку Рафах, и овие денови имавме можност храната, помошта од граѓаните на Северна Македонија да биде дистрибуирана во вид на топол оброк, односно 3000 топли оброци на југот на Газа каде се наоѓа голем дел од внатрешно раселените лица“, вели Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“.
Она што ние го увидовме како потреба тоа се основните потреби во време на војна, а тоа се храна и водаЈасмина Голубовска, Легис
До сега се собрани околу 30.000 евра. Од „Легис“ се надеваат дека уште неколку пати ќе можат да испратат помош во овие подрачја, со цел како што велат да нахранат што е можно повеќе внатрешно раселени лица во Газа. Секој оброк и секој спасен живот е ваажен порачуваат од таму.
„Финанискиот износ е од големо значење, бидејки нема други опции во однос на потребите на населението и она што може да се достави до Газа во овој момент. Она што ние го увидовме како потреба тоа се основните потреби во време на војна, а тоа се храна и вода, особено заради тоа што луѓето немаат никаков пристап до електрична енергија, вода, како и објекти во кои што можат да се згрижат децата и луѓето кои се настрадани“, вели Јасмина Голубовска од „Легис“.
Во меѓувреме дванесет невладини организции од Северна Македонија испратија барање до македонските власти, со кое бараат земјава да апелира на прекин на војната. Но и да испрати хуманитарна и медициска помош во Газа, а по завршувањето на воените дејствија во рамки на можностите, државата да прифати на рехабилитација и бесплатно лечење деца од Газа, кои изгубиле дел од своите екстремитети по примерот на претседателот на Словенија.
Сметаме дека Македонија треба да направи еден ваков хуман гестЈасмин Реџепи, Легис
„Како што во изминатите години, дејствијата кои се случуваа на истот начин во Газа, и чии жртви беа децата, тие организираа мирно префрлање од Газа во Словенија, каде им беа ставени протези, согласно нивните потреби и им беше пружена психолошка подршка и помош за време на престојот во Словенија. И затоа сметаме дека Македонија треба да направи еден ваков хуман гест“, додава Реџепи.
Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен, неодамна рече Израел да ја послуша својата обврска да ги минимизира цивилните жртви додека се движи кон уништување на Хамас.
Израелските власти соопштија дека во средата, повеќе од 200 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа, откако претходно биле прегледани во Израел. СЗО, пак рекоа дека глад ја пустоши Газа. И Советот за безбедност на ОН усвои декларација за непречена и безбедна достава на хуманитарна помош во Газа.