Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека неговата армија тестирала неколку нови нуклеарни оружја, вклучително и крстосувачка ракета за која истакна дека има неограничен опсег и може да го заобиколи кој и да е систем за противракетна одбрана.
Тој говореше пред пратениците во обраќањето до нацијата воочи изборите, закажани за 18-ти март. Путин е во трет мандат како претседател, и се очекува да победи на изборите и да ја врши функцијата уште шест години.
Путин рече дека Русија тестирала нов интерконтинентален балистички проектил со подолг домет и поголема носивост од претходната.
Рускиот лидер се заложи за намалување на стапката на сиромаштија и тоа двојно, а ја истакна и потребата за технолошки напредок со цел, поттикнување на развојот на државата.
Рускиот претседател зададе цел да ја намали стапката на сиромаштија за половината во следниот мандат, доколку биде реизбран