Американската полиција и амбулантни возила денес се упатиле кон средно училиште во Џорџија по извештаите за пукање и можни повреди, а учениците се евакуирани од местото на настанот.
Гимназијата „Апалачи“ во округот Бароу, Џорџија, испрати порака до родителите во која се вели дека „во моментов е затворено по извештаите за пукање“, според американските медиуми.
„Полицијата е тука. Ве молиме не се обидувајте да дојдете во училиштето во овој момент додека полицајците работат на обезбедување на областа“, се додава.
Канцеларијата на локалниот шериф пријавила „ситуација со активен стрелец“, според Ју-Ес-Еј Тудеј.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на канцеларијата на локалниот шериф, објави дека има жртви, а еден осомничен е приведен.
Училиштето се наоѓа во градот Виндер, околу 70 километри североисточно од Атланта, главниот град на државата.
Гувернерот на Џорџија Брајан Кемп изјави на „Икс“ дека државните агенции реагираат на инцидентот.
Локалните телевизиски снимки покажаа амбулантни возила како возат низ училишниот двор и голем број возила паркирани околу училиштето.
На фудбалскиот терен беше видлива толпа луѓе.