Силен земјотрес во Порто Рико

Силен земјотрес го погоди Порто Рико рано наутро денеска, последен во низата земјотреси што ја погодија територијата на САД во последните неколку дена.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени е регистриран во близина на јужниот крајбрежен град Понс.

Најмалку едно лице загина во земјотресот. 77 годишен маж загинал во неговиот дом, откако врз него паднал зид.

Неколку земјотреси следеа по големиот земјотрес, вклучително и еден со јачина од 6,0 степени.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди вчера југозападниот брег на Гванико при што беа оштетени десетици домови. Земјотресот предизвика лизгање на земјиште и прекини на електрична енергија.