Гувернерот на Порторико Рикардо Росељо поднесе оставка по неколкудневните масовни протести по улиците, чија цел беше тој да се повлече од функцијата поради скандалот со навредливи пораки преку мобилен телефон, како и за владина корупција.
Росељо, синоќа во телевизиско обраќање, најави дека ќе го замени секретарката за правда Ванда Васкес.
Неговото повлекување беше проследено со прослави на улиците на Сан Хуан. Росељо се надева дека неговата одлука ќе ги зголеми повиците за помирување на народот, зашто крајна цел, според него, е благосостојба на Порторико.
Претходно, Росељо се повлече како лидер на Новата прогресивна партија, истакнувајќи дека нема да бара реизбор следната година.
Претседателот на САД Доналд Трамп го окарактеризира Росељо како „тотално некомпетентен лидер“.
Трамп имаше вжештена реторика со Росељо и други официјални лица од Порторико, во врска со одговорот на администрацијата во Вашингтон по ураганот Марија, кој уби 3.000 луѓе, и го остави островот без струја со месеци.