Протести во деловите од Сирија каде што владеат бунтовниците

Your browser doesn’t support HTML5

Неодамнешните репресии исплашија многу демонстранти на улиците во последното упориште во Сирија, контролирано од бунтовниците. Но, некои собири продолжуваат со барања за подобар живот и ослободување на политичките затвореници. Хедер Мардок известува од Истанбул.

Протестите во регионот Идлиб во северозападна Сирија траат од февруари поради, како што велат жителите, незаконски притворања и економски диспаритет.

Тие продолжуваат и покрај репресијата од страна на бунтовничкото раководство на северозападна Сирија - Хајат Тахрир ал-Шам - кое распореди безбедносни сили пред очекуваните демонстрации, постави контролни пунктови и апсеше.

Демонстрантите, исто така, бараат оставка на некои високи лидери.

„Во 2011 година излеговме на демонстрации против Башар ал Асад поради неговите практики против народот. И по сето ова страдање, овие луѓе дојдоа да не` мачат во затворите, да ги осиромашуваат луѓето и да ги остават да страдаат во логори без услуги“, вели демонстрантот Имад Али Паша.

Северозападна Сирија за време на Хајат Тахрир ал-Шам е единствениот голем регион кој сè уште е во војна со владата на претседателот Башар ал-Асад, а некои демонстранти велат дека неуспехот на групата да ја врати територијата преземена од владата е меѓу нивните поплаки.

Сепак, поинтензивна е екстремната сиромаштија што го мачи регионот, со повеќе од половина од населението од околу 5 милиони луѓе внатрешно раселени, главно живеат во кампови без хуманитарна помош.

На пазарите цените вртоглаво пораснаа. Продавачите велат дека луѓе блиски до владата водат корумпирани монополи кои ги зголемуваат цените.

„Погледнете ги прехранбените производи, на пример, домати, месо или краставици. Кога ќе има побарувачка, ја намалуваат понудата и цената се зголемува“, вели Али ал-Даири, продавач на зеленчук.

Адвокатите велат дека луѓето се апсат поради политичко несогласување.

„Нема судења, и нема налози. Тие апсат луѓе кои ја критикуваат владата врз основа на обичаите и хировите на безбедносните сили“, тврди Калдоун Шамија, адвокат.

Но, официјални лица од Сириската влада за национален спас, цивилното раководство поврзано со Хајат Тахрир ал-Шам, велат дека не апсат луѓе за критикување на владата.

„Овие барања почнаа да ги расветлуваат недостатоците поврзани со економијата, животните ситуации, безбедносната ситуација и многу други прашања, како што се некои закони“, тврди Мухамед ал-Башир, шеф на сириската влада за спас.

Тој го нарекува Идлиб „заборавен“ град, изолиран од меѓународната помош, во регион кој сега е дом на население четири пати повеќе од предвиденото, со внатрешно раселени семејства од секој агол на Сирија.