Продолжуваат консултациите за идното парламентарно мнозинство во кое засега сигурно влегуваат победничката ВМРО -ДПМНЕ и „ВЛЕН“, коалицијата на опозициските партии на Албанците. Засега многу информации не излегуваат во јавноста за тоа кои министерски ресори кому ќе му припаднат. По неофицијалните информации за можни шест министерски позиции за „ВЛЕН“, денеска еден од лидерите на оваа коалиција, тетовскиот градоначалник Билал Касами, изјави дека не сака предвреме да шпекулира и дека не е најважен бројот на добиени ресори. Потсети дека за нив уставните измени и продолжувањето на пристапните преговори со ЕУ остануваат приоритет. Се очекува дека до крајот на неделата е можен коалициски договор.
Продолжуваат консултациите за идното парламентарно мнозинство
Your browser doesn’t support HTML5
Продолжуваат консултациите за идното парламентарно мнозинство во кое засега сигурно влегуваат победничката ВМРО -ДПМНЕ и „ВЛЕН“. Засега многу информации не излегуваат во јавноста за тоа кои министерски ресори кому ќе му припаднат.
Автор: Владимир Мирчески