Продолжува да расте поддршката за крајните десничарски партии во Европа

  • Хенри Риџвел

Your browser doesn’t support HTML5

Поддршката за екстремно десничарските партии во Европа продолжи да расте во 2024 година. Аналитичарите велат дека овој тренд е поттикнат од загриженоста за имиграцијата, инфлацијата и војната во Украина. Хенри Риџвел има повеќе.

Парламентарните избори ширум Европската унија во јуни открија зголемена поддршка за екстремно десничарските партии во неколку земји-членки - иако центристичките партии продолжуваат да ја држат власта во институциите на ЕУ во Брисел.

Партијата Национален фронт на Мари Ле Пен освои најголем дел од француските гласови на изборите за европскиот Парламент со 31%.

Таа јасно ја кажа својата амбиција да ја освои власта во Франција.

„Подготвени сме за нова страница, подготвени да ги браниме интересите на францускиот народ, подготвени сме да ставиме крај на масовната имиграција“, рече Ле Пен.

Претседателот Емануел Макрон донесе шокантна одлука да го распушти Парламентот и да распише општи избори.

Левите и центристичките партии формираа коалиција за да ја блокираат партијата на Ле Пен да ја освои власта. Но, новата влада не доби доверба на гласањето на почетокот на декември - а претседателот Макрон има предизвик да назначи нов премиер.

Мари Ле Пен се соочува со сопствени проблеми, бидејќи тековното судење за корупција може да ги попречи нејзините политички амбиции.

Во Германија - најголемата економска сила во Европа - екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија заврши втора на изборите за Парламентот на ЕУ, ставајќи ги Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц на третото место според освоени гласови.

„Мораме да се замислиме за гласањето за десничарските популистички партии овде, и во другите европски земји; никогаш не смееме да се навикнеме на ова и секогаш мора да биде наша мисија да ги победиме“, рече Шолц.

Тој повик помина без внимание во јавноста.

Во септември, Алтернатива за Германија победи на покраинските избори за прв пат во Тирингија, и беше втора партија во Саксонија.

Аналитичарите велат дека проблемот со имиграцијата е централен за нивниот успех.

„Како одговарате на тоа незадоволство што се однесува на миграцијата? Мислам, можеби и темата за инфлацијата и поскапувањата во последните години игра улога. Но, мислам дека темата за миграцијата е некако во центарот на незадоволството“, смета Гунтрам Волф, од институтот Бругел.

Германската тристрана владејачка коалиција под Шолц пропадна во ноември - и земјата треба да одржи избори во февруари.

Алтернатива за Германија води кампања за намалување на имиграцијата - и запирање на воената поддршка за Украина.

„Сакаме мир во Украина. Не сакаме никакви испораки на оружје. Не сакаме да испраќаме тенкови или проектили“, посочува Алис Виедел од Алтернатива за Германија.

Во Австрија, екстремно десничарската Партија на слободата беше на врвот на изборите во септември со повеќе од 28%. Но, сите други партии ја отфрлија можноста да формираат коалиција со оваа Партијата - така што тие се исклучени од власта.

Во 2025 година, аналитичарите велат дека сите очи ќе бидат насочени кон политичките турбуленции во Франција и Германија - додека Европа се подготвува за враќање на администрацијата Доналд Трамп во јануари.