Купувањето на напредниот воен авион Ф-35 од САД од страна на Турција, би можело повторно да се најде на дневен ред. Анкара беше исфрлена од млазната програма откако купи руски противвоздушни ракети С400, за кои Вашингтон вели дека ја компромитира стелт технологијата на Ф-35.
Но, за време на посетата на Истанбул минатиот месец, вршителот на должноста заменик државен секретар на САД Викторија Нуланд понуди да ја оживее продажбата на авиони доколку руските проектили бидат отстранети во трета земја. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан посочи дека Анкара би можела да биде отворена за договор.
„Купувањето на противвоздушните ракети беше без преседан. Мислам дека некои луѓе во кабинетот на Ердоган, исто така, признаваат дека ова беше голема грешка. Купувањето на С-400 од Турција беше многу скапа работа“, вели Онур Исчи од Универзитетот „Кадир Хас“.
Купувањето на ракетите С-400 од Турција, велат набљудувачите, е моќен симбол на продлабочувањето на нејзините врски со Русија и влошувањето на односите со Вашингтон. Договорот беше потпишан во време на недоверба, бидејќи Анкара го обвини Вашингтон за вмешаноста во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, обвинение кое САД го отфрлија.
Врските на Турција со САД се подобруваат со ратификацијата на членството на Шведска во НАТО од страна на Анкара, а Вашингтон возврати со тоа што дозволи продажба на авиони Ф-16 на Турција. Ф-16-ките се инфериорни во однос на Ф-35 авионите, кој соседот и ривалот Грција треба да ги купи како дел од нејзината воена модернизација.
„Кога ги слушате турските маринци, тие, се плашат дека рамнотежата на воздухопловните сили над Егејот може да преовлада во корист на Грција“, смета Соли Озел од Универзитет Кадир Хас.
Сепак, аналитичарите велат дека дали Анкара ќе ја прифати понудата на Вашингтон за авиони Ф-35 во замена за отстранување на ракетите од руско производство, давајќи ѝ ги на некој турски сојузник како Азербејџан или Катар или можеби и Либија, доколку зависи напредокот во подобрувањето на односите со САД.
„Турција лесно може да се откаже од С-400; тоа е политичка одлука, тоа не е воена потреба; тоа е политичка одлука и политички компромис. Досега, С-400 и помогнаа на Турција да го зголеми нивото на преговори со НАТО и САД“, смета Хусеин Багчи од Институтот за надворешна политика.
Купувањето руски ракети од Анкара се сметаше за дипломатски триумф за Москва, што ја дели Турција од нејзините сојузници во НАТО. Отстранувањето на ракетите, велат аналитичарите, би била значајна победа но, овој пат, за Вашингтон.