Ова значи зголемување на неговата претходна казна затвор од 40 години
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ доби доживотна затворска казна за геноцид и воени злосторства. Ова значи зголемување на неговата претходна казна затвор од 40 години.
Судот во Хаг ја донесе пресудата поради неговата улога во масовните убиства на цивили во конфликтот во Босна пред 25 години.