Двајцата повозрасни мажи меѓусебно се напаѓаат по првата претседателска дебата. Голем впечаток е дека 81 годишниот американски претседател Џо Бајден згреши. И, на моменти, беше тешко да се разбере или следи што збори.
Во еден момент Бајден рече: „Ќе продолжам додека не ја добиеме целосната забрана за... целосната иницијатива... ...во однос на... тоа што ќе го правиме со повеќе гранична патрола и повеќе службеници за азил“.
На тоа Трамп одговори: „Навистина не знам што рече на крајот од таа реченица, а мислам дека и самиот тој не знае што кажа“.
Сега, американскиот конгресмен од Тексас Лојд Догет е првиот демократ кој јавно изјави дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка. Аналитичарите велат дека тоа ја менува динамиката.
„Ако треба да се коцкам би кажал дека шансите се пола – пола за тоа дали Бајден ќе се најде на гласачкото ливче“, вели Томас Шварц од универзитетот Вандербирт.
Но, не, ако претседателот има врска со тоа. Тој признава дека старее, но укажува на лажните дебатни тврдења на неговиот противкандидат.
„Не зборувам глатко како порано. Не дебатирам – не дебатирам како порано, но го знам тоа што го знам; знам како да ја кажам вистината“, рече Бајден.
Сепак, анкетата на Си-Ен-Ен покажува дека 3 од 4 гласачи велат дека демократите имаат поголеми шанси да го добијат претседателството без Бајден како партиски кандидат.
Историски гледано, загубата на првата дебата не мора да да значи и загуба на претседателството.
Во 2012 година, аналитичарите велат дека тогашниот претседател Барак Обама имал слаб настап во дебатата. Но, потоа тој победи на реизборот.
„Лоша прва дебата имаше Обама, тој едноставно не беше толку подготвен, но на следната дебата тој одлично се снајде“, објаснува Шварц.
Во друг лош настап на дебата „плаќа за да плати; и плата; или плаќа и пензија“, претседателот Роналд Реган изгледаше збунет на 73-годишна возраст.
„Сепак тој навистина беше на првата дебата, мислеше дека не се претстави добро за неговата возраст и втората дебата беше добра. Значи, постои краткорочна стратегија за зајакнување на базата и подолгорочна стратегија за навистина да покаже дека ова е отстапување и дека тој е способен да дејствува поенергично и попретседателски“, вели вели Џон Фортиер од Американскиоот институт „Ентерпрајз“.
Во меѓувреме, Доналд Трамп се фокусира на исходот од дебатата.
„Џо Бајден ја помина цела недела во Кемп Дејвид, одмараше, работеше и учеше. Учеше многу напорно. Учеше толку напорно што не знаеше што прави“, рече Трамп.