Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за краткорочно финансирање

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, пристигнува на прес-конференција пред потенцијалното гласање за буџетот во Капитол во Вашингтон, САД, 11 март 2025 година.

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, пристигнува на прес-конференција пред потенцијалното гласање за буџетот во Капитол во Вашингтон, САД, 11 март 2025 година.

Во американскиот Сенат, каде мнозинството се републиканци, ќе бидат потребни гласови од демократи за да се усвои мерката за трошење

Претставничкиот дом на САД со мнозинство републиканци во вторникот презеде клучен чекор за финансирање на федералната влада до крајниот рок кој истекува на 14 март.

Мерката за краткорочно трошење е усвоена со 217-213 гласови, при што еден републиканец гласаше „против“, а еден демократ гласаше „за“. Мерката сè уште треба да помине гласање во Сенатот со републиканско мнозинство за да биде потпишана во закон.

„Гласањето против краткорочното трошење ќе му наштети на американскиот народ и ќе го уништи неверојатниот моментум што претседателот Доналд Трамп кој го има во изминатите 51 ден“, изјави вчера попладне портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

Потребни се 60 гласови во за да се усвои буџетот во Сенатот, што значи дека републиканците ќе треба да обезбедат гласови од демократи. Претставничкиот дом ја заврши седницата пред крајот на неделата, вршејќи притисок врз сенаторите да го усвојат краткорочното трошење.

„Подготвени сме да презмеме овде во Сенатот и да се погрижиме во петок владата да остане отворена. Но, од демократите ќе зависи дали тоа ќе се случи“, изјави вчера лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун дава изјава за новинарите додека републиканците работат на усвојување на привремен нацрт-закон за трошење со кој ќе се избегне делумно затворање на владата, во Капитол, Вашингтон, САД, 11 март 2025 година.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун дава изјава за новинарите додека републиканците работат на усвојување на привремен нацрт-закон за трошење со кој ќе се избегне делумно затворање на владата, во Капитол, Вашингтон, САД, 11 март 2025 година.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го задуши несогласувањето од неговата партија за да се усвои мерката за трошење. Тој вчера пред новинарите изјави дека седуммесечното краткорочно трошење е важен чекор кон спроведувањето на агендата на Трамп за спречување на владиниото трошење пари кое не е разумно за даночните обврзници, и злоупотреби преку Одделот за владина ефикасност.

„Тоа ни овозможува да продолжиме со промена на големината и опсегот на федералната влада. Во Вашингтон во моментов се случува сеизмичка промена. Ова е поинаков момент отколку што сме биле. Работата на Одделот за владина ефикасност е пронаоѓање огромни количини на измама, неразумно трошење и злоупотреба“, рече Џонсон.

„Имаме Бела куќа која всушност е посветена да не врати на фискално одговорна патека“.

Сепак, независните чувари и аналитичари велат дека Одделот за владина ефикасност користи премногу широки тврдења за измама за да генерира поддршка за големи кратења на федералните програми и канцеларии.

Претходно во вторникот, потпретседателот Џеј Ди Венс разговараше со пратениците во Капитол за да даде поддршка за мерката. Претставникот Томас Маси беше единствениот републикански кој не гласаше, и покрај објавата на Трамп во понеделникот вечерта на „Truth Social“ во која се повикува Маси повеќе да не е дел од Капитол ако гласа против мерката за трошење.

Мерката за краткорочно трошење им купува време на законодавците да постигнат компромис за верзиите на Сенатот и Претставничкиот дом за владините трошоци, клучна алатка за спроведување на домашната политика на Трамп.

Прашање е како и кога ќе се донесе предложено продолжување на даночните намалувања од 2017 година, и како да се плати дефицитот на САД, без да се намалат клучните програми за безбедност што им помагаат на американските гласачи.

„Доналд Трамп, Илон Маск и републиканците во Сенатот знаат дека нивната математика за даночните намалувања на милијардерите нема да функционира без да се намалат овие витални придобивки“, рече пред новинарите во вторникот лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.

Раководството на Сенатот предложи усвојување на даночни намалувања во посебен нацрт-закон подоцна оваа година.

За овој извештај придонесе Анита Пауел од Гласот на Америка.