Денеска напладне во скопско Арачиново е пукано кон градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Во тој момент тој бил придружуван од две лица - за едното се вели дека бил негов возач. Според првичните информации застрелан е токму возачот. Повредите се сериозни и тој е префлрен во Клиничкиот центар каде веднаш бил внесен во операциона сала.
Your browser doesn’t support HTML5
Во Арачиново и околината распоредени се силни полициски едници кои тргаат по сторителите. Инцидентот се случува пред официјалниот старт на кампањата за претседателските избори. Инаку, градоначлникот на Арачиново, Ибраими, е кадар на владејачката ДУИ.