Глобалната слобода на печатот пред сериозни предизвици

Your browser doesn’t support HTML5

„Репортери без граници“ предупредува дека во текот на изминатата година, глобалната слобода на печатот била под закана како никогаш претходно.

За слушање вести на странско радио во Северна Кореја може да се заврши во политички затвор.

Бруталното диктаторство во Сирија, и борбата против џихадистите и другите бунтовници, ја прават државата најсмртоносна за новинари. Делфине Халганд од Репортери без граници вели:

„Мапата на слободата на печатот во светот станува се` потемна.“

Во целина, речиси две третини од државите, опфатени во извештајот на „Репортери без граници“, бележат опаѓање на слободата на медиумите во 2016-та година.

Најалармантна е состојбата во Бахреин, каде критичарите на Владата најчесто се затворани, а протестите задушувани.

Бахреин, заедно со Египет, предводени од авторитарниот лидер Абдел Фата ел-Сиси, паднаа на најнизок ранг по слобода на печатот.

САД паднаа за две места, делумно како резултат на постојаните напади врз медиумите од страна на претседателот Доналд Трамп.

„Овој говор на омраза придонесе за напади врз медиумите речиси секаде во светот, вклучувајќи и во демократските држави,“ додава Халганд.

Индексот на слободата на печатот се објавува еднаш годишно, а ги зема предвид независноста на медиумите и нивото на злоупотреба.

Новинарот Ерол Андероглу кој се соочува со обвинение во Турција, поради поддршка на прокурдски весник.

„Бев задржан десет дена чекајќи обвинение, и тоа беше време кога притисокот од меѓународните и националните граѓански организации беше важен и земен предвид,“ вели Андероглу.

Том Малиновски, поранешен претставник на Стејт департментот, вели дека е од суштинско значење да се продолжи со притисок:

„Секој се грижи за сопствениот углед. Диктаторите повеќе се загрижени за нивната репутација, отколку демократите, бидејќи демократски избраните лидери немаат причина да бидат несигурни.“

Но, ако најновиот извештај претставува некаква индикација, некои демократски држави продолжуваат да паѓаат според слободата на медиумите.

(Вилијам Гало)