Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски на средби во Брисел

Your browser doesn’t support HTML5

Европските интеграции на Северна Македонија, во моментот блокирани поради незавршените уставни измени, повторно се на политичката агенда во Брисел. Иницијативата на новата влада за промена на Уставот која би имала одложено дејство денеска пак ќе се презентира во седиштето на Европската Унија.

Европските интеграции на Северна Македонија, во моментот блокирани поради незавршените уставни измени, повторно се на политичката агенда во Брисел. Иницијативата на новата влада за промена на Уставот која би имала одложено дејство денеска пак ќе се презентира во седиштето на Европската Унија.

Премиерот Мицкоски се среќава со новата постава во европските институции која неодамна стапи на должност. Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста денеска во Брисел го собира политичкиот врв на „западнобалканската шесторка“, вклучувајќи. Пораките кои се очекуваат се дека земјите од регионот недвосмислено имаат европска перспектива, но дека до членството мора да го изодат реформскиот пат.

За, како што ја нарече, посветеноста на владата на ЕУ-интеграциите, зборуваше и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и на денешните состаноци и на вчерашното излагање пред комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Шефот на дипломатијата учествува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО кој се одржува во критичен момент за Алијансата во очекување на новата американска администрација на Доналд Трамп, но и на руското напредување на истокот на Украина.

„Уште еднаш можам да ја потврдам нашата билатерална посветеност, но и на верувам целото НАТО, кон заштитата на фундаменталните вредности на меѓународното јавно право и принципиелната поддршка за Украина“, рече министерот за надворешни работи на Северна Македонија Тимчо Муцунски.

Во Брисел, на својот последен НАТО министерски состанок дојде и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Денеска главна тема на Сојузниците е Украина.

„Денеска ќе се фокусираме на Украина, знаеме дека ситуацијата на бојното поле е тешка и треба да направиме се што можеме за на Украина да и дадеме повеќе воена помош“, рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Ја споделуваме загриженоста за Украина за која зборуваше генералниот секретар, но тоа само ја засилува нашата решителност дека Украина ќе го добие она што и треба за да се справи на бојното поле и за да се справи со нападите врз енергетската инфраструктура“, рече Блинкен.

Утре на агендата ќе биде и прашањето за засилените активности на Русија насочени против членките на НАТО, организација чиј втор човек, од вчера и официјално е Радмила Шекеринска која ја презеде функцијата заменик-генерален секретар.