Предлог-владата влезе во Собрание, Мицкоски најавува борба со корупцијата

Христијан Мицкоски

Идната влада на Христијан Мицкоски ќе има 24 члена. Премиер, плус 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Оваа влада ќе има дури пет вицепремиери. Мандатарот денеска во Собранието го достави предлог-составот на владата и програмата за нејзина работа.

Your browser doesn’t support HTML5

Идната влада на Христијан Мицкоски ќе има 24 члена

„Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира“, вели мандатарот Христијан Мицкоски.

Македонска влада

15 од позициите во првиот владин ешалон одат кај коалицијата „Твоја Македонија“, а клучните ресори се за победничката ВМРО-ДПМНЕ која ги добива МВР, МНР, одбрана, финансии, образование, енергетика...

Коалицијата „Вреди“, составена од поранешните опозициски партии на Албанците, има 6 позиции, меѓу кои и здравство, животна средина, европски прашања, како и две вицепремиерски места.

Знам на кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, има два ресора – за правда и за јавна администрација.

Владата уште не избрана, а веќе доби критики за дел од кадровските решенија – пред се за Иван Стоиљлковиќ, изборот за министер за односи меѓу заедниците и вицепремиер. Станува збор за претседателот на Демократската партија на Србите, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој и по руската агресија врз Украина учествуваше на собири во Москва.

„За позициите на Стоиљковиќ не би можал со вас да се сложам, јас како мандатар очекувам од секој член на владата очекувам да има промакедонски позиции. Јас верувам во неговата честност, иксреност и протатковински позиции. Во однос на безбедносните сертификати, можам да ви набројам дузина луѓе кои немале вакви сертификати, а биле членови на владата“, додава Мицкоски.

Оливер Спасовски

„Нема реалност во ветувањата на оваа влада“, велат од опозицијата, аргументирајќи дека станува збор или за истрошени, или за неискусни кадри.

„Ова е влада составена од кадри кои креираа политики во времето на режимот на Никола Груевски до 2017, кадри кои не можат да понудат ништо ново, и од друга страна неисксуки кадри. Има повеќе кадри за кои и ВМРО-ДПМНЕ имаше критики во минатото, како на пример за идниот министер за здравство“, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Планирано е собраниската седницата за избор на владата да биде зажана за в сабота, а Северна Македонија, најдоцна до недела на полноќ, да ја добие новата влада.