Прагот од 40 проценти е надминат, изборите за претседател се успешни

Државна изборна комисија на Македонија

Последните податоци на Државната изборна комисија покажуваат дека заклучно со 18 часот и 30 минути на изборите за претседател на Северна Македонија излегле да гласаат речиси 780 000 граѓани што е над потребниот праг од 40 проценти излезност за успешни избори. Се очекува одзивот да биде нешто над 45 отсто.

Тоа значи дека вечерва, по сумирањето на резултатите, ќе се знае името на идниот шеф на државата кој во наредните денови и официјално ќе биде инаугуриран.

Во вториот изборен круг влегоа Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ.