Познавачи на безбедноста коментираат: Сè е можно кога е во прашање Путин, дури и најцрни сценарија

Методи Хаџи Јанев: Ако Русија ја добие војната, тоа ќе биде ѝ ветер во грб, односно ќе ги зголеми апетитите

НАТО и земјите сојузници треба да испорачаат сè што и ветија на Украина, ако не земјата е пред колапс, вели професорот од воената академија, Методи Хаџи Јанев во кус разговор за Гласот на Америка

Добро е за целиот демократски свет Украина да ја добие војната со Русија, велат познавачите на приликите. Во спротивно сметаат дека руските закани и влијанието на официјална Москва можат да станат се поголеми. Воениот аналитичар, Методи Хаџи Јанев, за Гласот на Америка вели дека тоа е реално.

Your browser doesn’t support HTML5

Методи Хаџи Јанев: Сè е можно кога е во прашање Путин, да се земат во предвид и најцрни сценарија

„Јас мислам дека тоа е реално и не смееме да се поигруваме со тоа, затоа што видовме дека сè е можно кога е во прашање Путин. Затоа сметам дека сите оние стравови или најцрни сценарија треба да се земат во предвид и да бидеме подготвени, бидејќи ако не сме подготвени за тоа, времето кога ќе треба да реагираме ќе биде многу кратко и ќе нема да можеме да изреагираме, онака како што сакаме да изреагираме“, вели Хаџи Јанев.

Сите оние стравови или најцрни сценарија треба да се земат во предвид и да бидеме подготвени
Методи Хаџи Јанев

Ако Русија ја добие војната, тоа ќе биде ѝ ветер во грб, односно ќе ги зголеми апетитите на оние внатрешни сили кои се анти-ЕУ и анти-НАТО расположени, а кои ги експлоатираат сите слабости присутни на внатрешен план, додава Хаџи Јанев.

„Москва дефинитивно ќе го подржува, но тоа го прави на многу евтин начин, го прави без многу посебни напори. Само ги користи сите внатрешни слабости и ги врти против вас и на тој начин ја еродира целата безбедност, значи го инхибира системот од внатре“, вели Хаџи Јанев.

Но, заменик амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Ото Граф, вели дека војната може да има политичко влијание врз регионот.

„Ова ќе има политичко влијание бидејќи Северна Македонија е дел од земјите, кои вложија многу напори да дадат помош на Украина и ова секако ја зајакна позицијата на земјата во контекст на НАТО. Од друг аспект многу од компаниите своето производство од Украина, требаше да го префрлат во други делови, така да некои од нив одлучија своето производство да го префрлат и во Северна Македонија. Војната има влијание во многу повеќе аспекти и ако се оди од едно на друго поле може да се забележат повеќе влијанија“, вели заменикот германски амбасадор, Граф.

Сè она што се вети дека треба да и се испорача на Украина, половина од тоа е само стигнато во Украина
Методи Хаџи Јанев

Коментирајќи го текот на војната, Хаџи Јанев вели дека од она што сега се случува, може да се очекува речиси сè, од тоа дека војната ќе продолжи и ќе ескалира, доколку НАТО и сојузниците решат дека треба да ги стегнат педалата на гасот и да дадат сериозна поддршка на Украина.

„Доколку тоа не се случи, Украина е пред колапс, особено заради тоа што сè она што се вети дека треба да и се испорача на Украина, половина од тоа е само стигнато во Украина. Половина од тоа што е стигнато има сериозни проблеми околу прилагодувањето и начинот на војување на украинските безбедносни и одбранбени сили“, укажува Хаџи Јанев.

Broken windows are seen near a building damaged during a Russian drone strike in Kyiv, Ukraine, Sept. 10, 2023.

Од друга страна, вели Хаџи Јанев, Русија користи различни манипулативни техники.

„Користејќи ја корупцијата, искористувајќи ја алчноста и секако неединството во дел од европскиот табор со што всушност успева да пробие низ меѓу простори и да создаде алтернатива за да ги анулира сите свои слабости. Таа сепак покажа дека е голем противник, кој демне врз безбедноста на Европа. Доколку така продолжат работите, најверојатно многу бргу ќе го видиме крајот и најверојатно ќе има некакво примирје во кое погубно ќе биде за украинскиот народ, а тоа е губење на дел од територијата“, вели Хаџи Јанев.

Војната во Украина досега одзеде илјадници човечки животи.