Повредена лавица се врати во дивината откако помина речиси шест месеци во Центарот за диви животни „Рамона“ во Сан Диего, Калифорнија. На лавицата има „ГПС“ за да се следи нејзиното здравје во дивината.
Во мај, Одделот за риби и диви животни во Калифорнија ја транспортираше лавицата во Хуманото друштво во Сан Диего. Лавицата била најдена силно изнемоштена, анемична и страдала од траума на меките ткива. Таа била најдена во долината Јука, со отворени рани кои најверојатно биле предизвикани од напад на животно.
Во Центарот за диви животни во „Рамона“, ветеринарниот тим на „Project Wildlife“ администрираше лекови против болки и антибиотици, третирајќи ги нејзините рани.
Таа беше пуштена назад во дивината во округот Сан Бернардино, Калифорнија, на 20 ноември.