Повеќе од 800 деца учествуваа на Бадниковата поворка во Охрид

Бадникова поворка во Охрид, 2024

Повеќе од 800 дечиња беа дел од традиционалната бадникова поворка, која се одржа во Охрид по 11-ти пат, на ден пред големиот христијански празник Божиќ

Повеќе од 800 дечиња беа дел од традиционалната бадникова поворка, која се одржа во Охрид по 11-ти пат, на ден пред големиот христијански празник Божиќ. Со ѕвезди во рацете, тие извикуваа Христос се роди, навистина се роди, со што симболично го најавија Христовото раѓање.

Бадниковата поворка е во организација на Здружението за грижа и воспитување на децата од Охрид и општината. Вакви поворки се одржуваат и во други градови низ државата.

Your browser doesn’t support HTML5

Традиционална Бадникова поворка во Охрид

„Вакви традиционални работи кои го подигнуваат духот на самиот народ добро е да се одржуваат и да ни останат традиција долги, долги години“, рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Успеавме да создадеме една традиција на бадниковите поворки, која покрај Охрид се прошири и во сите градови. Оваа година благодарение на децата учесници од Агенцијата за верски заедници добивме и награда за трајни вредности“, рече Летка Филипова, дел од тимот за организација на настанот.