Спасувачите префрлија повеќе бродови и пловни објекти во областа каде што исчезна подморницата на пат кон потонатиот брод „Титаник“.
Тие денес рекоа дека се надеваат оти подводните звуци што ги забележале два последователни дена би можеле да помогнат во потрагата по Титан. На бродот има пет лица.
Дури и оние кои изразија оптимизам предупредија дека остануваат многу пречки.
Екипите за пребарување треба точно да ја одредат локацијата на подморницата, да стигнат до неа и да ја извадат на површината.
Според проценките, подморницата може да остане без кислород в четврток наутро.